ВИДЕО | Забранетиот документарец за кралското семејство „мистериозно“ се појави на Јутјуб: Зошто Елизабета Втора го забранила?

принтскрин/Youtube

Документарен филм за британското кралско семејство од 1969 година, кој кралицата Елизабета Втора наводно забранила да се пушти во јавност, „мистериозно“ се појави на Јутјуб.

Документарецот содржи немонтирани снимки од кралицата и нејзиното семејство од 1968-1969 година. Тоа било првпат луѓето да можеле да ја слушнат кралицата во конверзација, а не да чита однапред подготвен говор.

Кралицата Елизабета првично нарачала документарен филм од националната телевизија Би-Би-Си со цел да покаже дека кралското семејство не се разликува премногу од обичниот свет, поради критиките дека другите високи членови се премногу дистанцирани и студени во однос на јавноста, но крајниот резултат не ѝ се допаднал.

Таа се плашела дека на овој начин ќе биде разбиена мистеријата на кралското семејство во очите на граѓаните на Англија.

Филмот премиерно бил прикажан на 21 јуни во 1969 година, а според Би-Би-Си го гледале повеќе од 350 милиони луѓе. Но со тек на време бил одложен во архива, а секое негово прикажување морало да биде одобрено од кралицата.

Не е познато како и кој документарецот „Кралско семејство“ го поставил на Јутјуб, но набрзо е тргнат од платформата по барање во врска со авторските порава, пишува Си-Ен-Ен. Би-Би-Си, кој располага со правата на снимката, побарал отстранување на документарецот врз основа на заштита на авторските права.

Што содржи филмот?

Меѓу познатите сцени во документарецот е онаа кога кралицата, принцот Филип, принцот Чарлс и принцезата Ана седат околу масата на појадок, а Елизабета Втора раскажува необична приказна.

Понекогаш е многу тешко да се задржи рамнодушен израз на лицето кога ќе ми дојде државниот секретар и ќе ми рече: „Доаѓа горилата“ – вели кралицата на почетокот.

Затоа му реков: „каква необична забелешка, многу непријатна“… Стоев среде собата и го протиснав ѕвончето, вратата се отвори и таму стоеше „горилата“. Имаше кратко тело и долги раце, се мачев (да не се насмејам) – продолжува Елизабета.

Во друга сцена принцот Филип го опишува кралот Џорџ Шести како човек со „мошне чудни навики“.

Понекогаш милев дека е луд – вели Филип и продолжува да го опишува како Џорџ Шести „дивјачки ги сечел грмушките во кралската градина мрморејќи и пцуејќи“.

Во последната сцена од документарецот семејството е покрај скарата, а кралицата прави салата а потоа оди кај својот сопруг и ги пече колбасите.

Во продолжение може да погледнете видео од интересни делови од документарниот филм.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот