ВИДЕО | Време е за авантура: Мачор обожава скијање и планинарење

Фото: Инстаграм, liebchen.travels

Запознајте го Либшен – дружељубив, енергичен и разигран мачор кој обожава авантури.

„Ние се вљубивме во него уште во првиот момент кога го видовме во прифатилиштето за бездомни животни во Аспен. Кога го донесовме дома, тој веднаш почна да мјаука за да излезе надвор и да ја истражува околината. Затоа му купивме ременче и останатото е историја“, раскажуваат неговите сопственици, Ерин и Ден за „Bored Panda“

Мачорот отишол на неговата прва планинарска прошетка кога имал само 10 недели, а сега е постојан придружник во авантурите на неговите сопственици. Либшен обожава скијање, возење со санки, планинарење, кампување и пливање.

„Тој си седеше во жичарницата со нас, прилично смирен. Па, затоа се обидовме да скијаме со него. И му се допадна! Му купивме малечки очила за да му ги заштитиме очите и соодветна јакна. Тој има и негова лична скијачка карта.“

„Мачорот, исто така, сака и вода. Тој само скокна во водата и ние си помисливме: ‘Господе, ти знаеш да пливаш’. Тој си седеше на камењата и си играше со водата со шепите. Кога сфативме дека обожава вода, го ставивме на даска за веслање за да видиме како ќе изреагира. Либшен навистина го сака тоа“, раскажуваат Ерин и Ден за „The Dodo“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот