ВИДЕО: Вориорси лесно паднаа без Стеф Кари

Голден Стејт немоќен првите ѕвезди против Репторси/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Торонто го совладаа Голден Стејт со резултат 119:100 измината ноќ во НБА лигата.

Екипата со најмногу победи во лигата лесно падна во Торонто без првата ѕвезда Стеф Кари, но и уште неколку играчи како Џордан Пул, Дрејмонд Грин, Отo Портер, Ендрју Вигинс, Андре Игудала…

Вориорси немаа решение за Фред Ванвлит кој имаше 27 поени и 12 асистенции, а го следеше Скоти Барнс со 21.

Ванвлит реализираше дури шест тројки од 10 обиди и веќе до полувремето имаше „дабл-дабл“ учинок (20 поени, 10 асистенвии). Веќе тогаш беа решени сите дилеми бидејќи разликата изнесуваше „плус 21“.

Кај Голден Стејт одлична партија имаше Џонатан Куминга со 26 поени, а 12 помалку запиша Демион Ли.

НБА лига, резултати –

Детроит пистонс – Хјустон рокетс 107:116
Бостон селтикс – Њујорк никс 114:107
Бруклин нетс – Орландо меџик 93:100
Торонто репторс – Голден Стејт вориорс 119:100
Оклахома Сити тандер – Лос Анџелес клиперс 104:103
Милвоки бакс – Кливленд кавалирс 90:119
Јута џез – Вашингтон визардс 103:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот