ВИДЕО | Влаховиќ херој на Јувентус против Лече

Фото: EPA-EFE/ABBONDANZA SCURO LEZZI

Tимот на Јувентус продолжи со одличните настапи во Серија А и вечерва без проблеми го совлада Лече со 3:0.

За „старата дама“ ова беше петти триумф во низа каде што нема пораз уште од септември и натпреварот против Сасуоло (2:4). Херој за Јувентус беше Душан Влаховиќ кој ги постигна првите два гола во 59-тата и 68-та минута.

Дефанзивецот Бремер на три минути пред крајот стави точка на победата. Со овој триумф Јувентус се искачи на врвот на табелата со 52 бода, еден повеќе од Интер кој има натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот