ВИДЕО | Уапсен познат белградски доктор кој под дејство на дрога со „мерцедес“ сакаше да згази полицаец

ФОТО. Принтскин, Youtube

Полицијата во Нов Белград го приведе М.Б. (51) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело напад на службено лице при вршење на службена должност.

Како што јавуваат српските медиуми се сомничи дека синоќа околу 20 часот и 30 минути докторот не ја послушал наредбата на сообраќајната полиција која го пренасочувала сообраќајот поради јавен собир, на крстосницата на улицицата „Милентие Поповиќ“ и булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“ во Белград, а потоа го насочил автомобилот мерцедес што го возел кон полициски службеник по што го оттурнал полицаецот.

Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава бидејќи одбил алкотестирање, а од нарко тестот било утврдено дека е позитивен на кокаин. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Според медиумите, се работи за познат гинеколог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот