ВИДЕО: Тројка со звукот на сирената на Берет за триумф на Њујорк

Драматична победа на Њујорк никс: EPA-EFE/Peter Foley

Њујорк никс со тројката во последната секунда на Ар Џеј Берет го совлада Бостон селтикс со 108:105 во едно од најстарите дерби натпревари во НБА лигата.

Бостон во текот на целиот натпревар имаше предост, во третата четвртина изнесуваше и 20 поени, но благодарение на Еван Фурние кој постигна дури 41 поен, Њујорк успеа во финишот да се врати во игра и со тројката на Берет со звукот на сирената да слави.

Покрај 41 поен на Фурние, Берет натпреварот го заврши со 13 поени, а Џулиус Рендл постигна 22 за Њујорк, додека кај Бостон најдобар беше Џејсон Тејтум со 36 постигнати поени.

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс направија изненадување и со 101:96 го совлада Голден Стејт вориорс кој настапи без повредените Стеф Кари и Дрејмонд Грин.
Најзаслужен за прекинот на серијата од три порази на Њу Орлеанс беше Брендон Инграм кој постигна 32 поени и имаше 11 скокови, додека кај Голден Стејт се истакна Ендрју Вигинс со 21 поен.


Киксот на Голден Стејт (29-9) го искористи Феникс санс кој со победата над ЛА Клиперс од 106:89 стана екипа со најдобар скор во НБА лигата. „Сонцата“ сега имаат 30 победи и само осум порази.
Крис Пол оствари трипл-дабл од 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а кај победичкиот тим се истакнаа уште и Камерон Џонсон со 24 поени и Џејлен Смит со 19 постигнати поени.
Во редовите на ЛА Клиперс, кој се уште игра без Пол Џорџ и Каваи Ленард, најзабележителен беше Маркус Морис со 26 поени и осум скокови.


Резултати:
Њујорк – Бостон 108:105
Мемфис – Детроит 118:88
Њу Орлеанс – Голден Стејр 101:96
Феникс – ЛА Клиперс 106:89

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот