ВИДЕО | Трипл-дабл за Јокиќ, но пораз за Денвер

Фото: Denver Nuggets

Кошаркарите на Денвер изминатата вечер беа поразени од Сан Антонио со 128:120, не им помогна ниту фантастичниот настап на Никола Јокиќ кој стигна до уште еден трипл-дабл.

Ова беше прв пораз на Денвер кога Јокиќ стигнал до трипл-дабл сезонава, тимот беше во серија од 25 победи кога Србинот имаше двоцифрени бројки во три категории. Натпреварот Јокиќ го заврши со 37 поени, 11 скокови и 11 асистенции за 38 минути поминати на паркетот.

Солиден настап забележа и Богдан Богдановиќ кој со својата Атланта славеше победа над Вашингтон. Богдановиќ натпреварот го заврши со 15 поени, но можеби ја постигна и клучната тројка во третата четвртина кога се одлучуваше натпреварот.

За издвојување беше и настапот на Џоел Ембид кој на 1.5 секунда до крајот и донесе победа на Филаделфија против Портланд 120:119. Одличен беше Ембид во текот на целиот нматпревар и средбата ја заврши со 39 поени, седум скока и четири асистенции. На спротивната страна Анферни Симонс додаде 34, додека Лилард запиша 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Портланд 120-119, Вашингтон – Атланта 107-114, Мајами – Кливленд 119-115, Минесота – Бруклин 123-124, Сан Антонио – Денвер 128-120, ЛА Лејкерс – Торонто 122-112.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот