ВИДЕО | Томи Шелби се враќа: Последната сезона на „Peaky Blinders“ започнува на 27 февруари

Фото: Инстаграм, „Peaky Blinders“

Шестата, а воедно и последна, сезона на телевизиската серија „Peaky Blinders“ ќе започне да се емитува на 27 февруари на BBC One, пишува „Mirror“. Оваа сезона ќе има шест епизоди, а обожавателите ширум светот со нетрпение го очекуваат продолжението на приказната за Томи Шелби и неговата банда.

Трејлерот за шестата сезона беше објавен пред еден месец и досега е прегледан десет милиони пати.


Иако е најавено дека последната сезона ќе се емитува на BBC One, сѐ уште не се знае дали новата сезона ќе биде достапна и на платформата Нетфликс каде ги има и првите пет сезони на „Peaky Blinders“.

Серијата започна со емитување во 2013 година на каналот BBC Two, а по четири сезони беше префрлена на BBC One. Дејствието е сместено во времето по Првата светска војна и ја следи озлогласената банда во Бирмингем, Англија. По шестата сезона е планиран и филм, а се претпоставува дека снимањето ќе започне во 2023 година. Серијата ќе ги покрие настаните до Втората светска војна, така што за филмот останува можноста да се фокусира на војната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот