ВИДЕО | Стојановски: Сакаме Криволак да го промовираме како регионален армиски центар

полковник Владимир Стојановски
полковник Владимир Стојановски / Утрински брифинг

Во тек е вежбата на НАТО во Македонија која се одржува на полигонот Криволак како и во касарните во Штип и Петровец. Учествуваат 4.600 војници, а пред вежбата имаше многу подготвителни активности и ќе следуваат многу подготвутелни активности за заминување од вежбата. Учествуваат Албанија, Црна Гора, Грција и Бугарија како земји од регионот и уште четири поголеми земји од НАТО. Вежбата „Брз одговор“ се одвива истовремено на три локации во светот, вели полковник Владимир Стојановски, началник на секторот за вежби и обука на ГШ за Утрински брифинг.

-Опфатени се сите аспекти од војничкиот спектар на активности, пред сѐ воздухопловниот сектор но и сите останати. Ние испраќаме порака дека како НАТО дејствуваме заеднички, користите заеднички јазик – тоа е англискиот, а користиме и иста опрема. Очекуваме следните години вежбите да бидат уште поголеми. Шпекулации се дека оваа вежба е по повод настаните во Украина оти се подготвуваше повеќе од две години, вели полковник Стојановски.

Вчера беше отворен ден на вежбата кога граѓаните можа да дојдат и да гледаат ретко виден воздушен спектакл. Имаше надлетување на Ф-16 и беше многу интересно да се следи, вели полковникот за Утрински брифинг. Вежбата ќе трае до 22 јуни, а на 12 мај е ден на високи гости.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот