ВИДЕО: Статуите оживеаја во центарот на Скопје – многу насмевки и среќни лица

„Статуафест“ во Скопје/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По една година повторно оживеаја статуите во центарот на Скопје, не оние од проектот „Скопје 2014“ туку дузина новопоставени. Живите статуи во рамки на петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје на улица“ ги отсликаа афинитетите на скопјани.

Жителите на главниот град возат велосипеди и тротинети, се фотографираат, комуналците ги чистат улиците, нацијата го слави фудбалот, возрасните играат табла на клупите, цвеќарките продаваат цвеќе, децата се лулаат на лулашки, улични свирачи ги забавуваат минувачите, понекој чита книга, улични продавачи на облека…

Тоа е оној скопски менталитет, духот на градот кој овие млади актери преку улични перформански на живи скулптури им се претставија вечерва на минувачите од улица „Македонија“.

Вечерашниот перформанс во организација на Здружението ТимТеатросК, со поддршка од Театарот за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје.

Учествуваа домашни артисти, некои добро познати на скопската публика од претходните четири стрит фестивали, а се појавуаат и дебитанти.

Погледнете како изгледаше тоа, a „Статуафест“ продолжува и утре вечер, на друга локација, на реконструираниот кеј на Вардар, во центарот на Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот