ВИДЕО: Ср*ње, дали тој е зад мене – општа паника, разговорот помеѓу Хамилтон и тимот!

Ќе се гледа ноќна Формула 1 трка во Лас Вегас/Фото: EPA-EFE/ANDREJ ISAKOVIC

Макс Ферстапен успеа да стигне до првата титула во кариерата во едно од најлудите и најскандалозните финалиња во Формула 1, а веќе на патеката Луис Хамилтон изрази сомнеж дека не било сè регуларно.

Сè повеќе има натписи дека Хамилтон бил брутално „украден“ и дека тоа е оркестрирана акција на Мајкл Маси, судија и луѓето кои ја водат Формула 1. Англиските медиуми продолжуваат да анализираат како еден од фаворитите на нацијата остана без осмата титула за да стане прв во историјата со вакво достигнување.

На интернет кружи снимка од разговорот помеѓу Хамилтон и неговиот тим. Пред последната трка во Абу Даби, Ферстапен и Хамилтон имаа по 369,5 поени. Британецот во последните 20 круга влезе со дури 17 секунди предност, но и со истрошени гуми, додека Холанѓанецот имаше нови.

Во еден момент се чинеше дека одлуката со помалку влегувања во „боксот“ ќе биде вистинска тактика на „Мерцедес“ – сè се смени кога се појави безбедносното возило.

Николас Латифи (возачот на „Вилијас Рејсинг“) загуби контрола при еден свиок на шест круга и заврши во оградата, па безбедносното возило излезе патеката. Хамилтон тогаш беше прв, а Ферстапен втор.

Латифи жали што не ја завршо трката, но и воедно се извини дека немал никаква намера да влијае во борбата за титулата. Ферстапен го престигна Хамилтон само неколку свиоци по заминувањето на безбедносното возило и со тоа ја освои првата титула.

Поради необичното толкување на правилата за безбедносното возило на пет круга до крајот, дојде до пропуст што го одреди прашањето за шампионот. Хамилтон набрзо му кажа на тимот. „Човеку, со оваа трка се манипулира“ – беа зборовите на Хамитлон.

Во продолжение разговорот помеѓу Хамилтон и неговиот инженер Питер Бонингтон.

– Макс е заглавен во сообраќајот, разликата сега е 12 секунди. На патеката има безбедносно возило – рече Бонингтон, а Хамилтон не можеше да поверува.

– Ср*ње, човеку, тоа е неверојатно. Што се случува зад мене? – праша Хамилтон.

Бонингтон му кажал дека Ферстапен отишол во „бокс“, по што Хамилтон полудел! И тогаш инженерот му објасни зошто не смее Британецот да оди во „боксот“.

– Луис, тој можеше да си го дозволи тоа. Ние не направивме затоа што ќе ја загубевме позицијата на патеката – рече тој, а кога забележа дека Ферстапен е зад него, не можеше да поверува!

– Дали е тој зад мене…Со нови гуми?!

Не можеа да поверуваат ниту од неговиот „бокс“.

„Јас сум без зборови, апсолутно без зборови – истакна Бонингтон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот