ВИДЕО: Спектакл на „Олимпико“, седум гола и неверојатен пресврт на Јувентус

Рома и Јувентус одиграа спектакуларен натпревар на Олимпико во Рим/ фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Екипите на Рома и Јувентус го одиграа најдобриот и најспектакуларниот натпревар во 2022 година, беа постигнати седум гола, имаше пресврти и на крајот се радуваше „старата дама“.

Јувентус славеше со 3:4 на гостувањето кај Рома иако губеше со 3:1,а во финишот со играч помалку ја одбрани победата.

Првото полувреме заврши 1:1 и тоа благодарение на головите на Тами Абрахам за Рома и Пауло Дибала за Јувентус. Но, веќе на стартот од вториот дел, Мхитарјан во 48 минута и Лоренцо Пелегрини во 53 минута и носат водство на „римската волчица“ од 3:1.

„Старата дама“ не се предаде и за седум минути направи спектакуларен пресврт. Прво Мануел Локатели во 70 минута намали на 3:2, а четири минути подоцна Дејан Кулушевски донесе израмнување. Матиа де Шиљо со првиот гол во Серија А од 2017 година, во 77 минута му донесе предност на Јувентус.

Во финишот, исклучување заработи Матијс де Лихт, но и покрај тоа, неговите соиграчи ја задржаа предноста и дојдоа до победата.

Јувентус сега има 38 бода за петта позиција на табелата, додека Рома остана на осмото место со 32 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот