ВИДЕО: Спектакл на „Бај Арената“, седум гола и пресврт на Борусија Дортмунд

Баер и Борусија одиграа спектакуларен натпревар во дербито на Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерите на Борусија Дортмунд во фантастичен натпревар славеа во дербито на четвртото коло од Бундеслигата со 3:4 против Баер Леверкузен.

„Милионерите“ на тешкото гостување во Леверкузен дојде до четвртата победа и тоа откако губеше на полувремето. Голеадата на „Бај Арената“ ја започна Флоријан Вирц во деветтата минута кој погоди за Баер, додека Ерлинг Халанд носи израмнување во 37 минута. На одмор се замина до предност на домашниот тим откако во 45 минута погоди Патрик Шик.

Во второто полувреме „милионерите“ успеаја да направат пресврт и да дојдат до трите бода. Јулинан Бранд во 48 минута израмни на 2:2, но домашниот тим набрзо повторно се врати во водство со голот на Муса Диаби. Но, вториот дел од полувремето им припадна на „милионерите“ кои прво со фантастичен шут од слободен удар израмни на 3:3, а победата ја обезбеди Халанд со голот од пенал.

Екипата на Волфсбург игра одлично на стартот од сезоната и во четвртиот натпревар ја оствари и четвртата победа. Последна жртва на Волфсбург беше Гројтер Фурт кој е совладан со 0:2 и тоа со головите на Лукас Нмече и на Воут Вегхорст.



Резултати:

Баер Л. – Борусија Д. 3:4
Фрајбург – Келн 1:1
Гројтер Фурт – Волфсбург 0:2
Хофенхајм – Мајнц 0:2
Унион Берлин – Аугсбург 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот