ВИДЕО: Спасовски не открива детали за украдените два тона марихуана чија вредност е околу шест милиони евра

Во јавноста актуелен е случајот за два тони марихуана кој од Валандовско беа украдени, а потоа полицајата вршеше претреси во Арачиново и други локации, но пронајде само дел од наркотикот. На почетокот на месецов полицијата заплени и 53 килограми марихуана во селото Калишта, а билтените секојдневно информираат за други случаи на приведени лица и запленета марихуана.

Министерот за внатрешни рaботи Оливер Спасовски денеска нагласи дека ова не е појава која сега бележи некакво зголемување, туку, како што рече има сериозни зголемување на октривањето на оваа дејност во овие сто дена.

-Тоа говори дека имаме заплена на марихуана, имаме заплена на хашиш, имаме заплена на кокаин, имаме заплена на таблети, заплена на синтетичка дрога, значи секаков вид на наркотични средства, кои што минуваат. Веќе се разбиени и две организирани криминални групи кои се занимаваат со трговија на наркотични средства, дури поврзани и со државјани на Албанија и Турција. Така да многу посветено работиме во овие сто и тоа ќе го правиме и во наредниот период, посебно колегите во одделот за организиран криминал и за крим полиција, каде интензивно работат на спречување на трговијата со дрога, истакна Спасовски.

МВР во координација со јавното обвинителство на 7 и 8 овој месец презеде низа мерки и активности за расветлување на разбојништво извршено меѓу 3 и 4 декември во Валандовско, во кое се одземени 2 тони марихуана. Извршени беа претреси во Арачиново, Горно Мојанци и други локации, при што е пронајдена дел од дрогата. Дел од осомичените беа приведени, полицијата досега има обезбедено докази за шестмина осомничени лица, но истрагата се проширува, изјави тогаш портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

ВИДЕО: Полициска акција во Арачиново, голем број на возила и специјалци во селото

Министерот Спасовски денеска не сакаше да изнесува повеќе детали за овој случај. Напомена само дека истрагата се уште трае и оти кога ќе заврши јавноста ќе биде информирана за сите детали во врска со овој случај.

ВИДЕО: Полициска акција во Арачиново, голем број на возила и специјалци во селото

Според информациите во медиумите, фирмата од која била украдена марихуаната е Херб Индустри, која има лиценца за производство на марихуана од 2018 година. Се проценува дека украдените два тона марихуана чинат околу шест милиони евра, а доколку се произведе масло од канабис  цената би достигнала до 10 милиони евра. Марихуаната била подготвена за производство на масло од канабис за медицинска употреба. 

ВИДЕО+ФОТО: Пресечен организиран транспорт на марихуана кај Велес, уапсени тројца, запленети 100 килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот