ВИДЕО+ФОТО: Пресечен организиран транспорт на марихуана кај Велес, уапсени тројца, запленети 100 килограми

СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (15.12.2020) по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес, запленија околу 100 килограми марихуана и приведоа три лица.

Имено, на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници биле преземени мерки и активности да се запре возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце, но возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта.

По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана.

Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.

Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството-Велес преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски минатата недела информираше за заплена на близу два тона марихуана кои беа украдени од фирма во село Јосифово, општина Валандово.

ФОТО I Ангеловски за синоќешната акција во Арачиново: Шест осомничени лица, дел се приведени и одземени се близу два тона марихуана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот