ВИДЕО: Сити ги преживеа нападите на Атлетико, Ливерпул и Бенфика играа за мерак на навивачите

Атлетико и Манчестер сити одиграа возбудлив натпревар на кој фалеа само голови/ фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Екипите на Манчестер сити и на Ливепрул се последните полуфиналисти во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено против Атлетико Мадрид, односно Бенфика во два спротивни натпревари.

Манчестер сити во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид, додека Ливерпул се среќава со Виљареал.

„Граѓаните“ натпреварот на „Ванда Метрополитано“ го започнаа со предност од 1:0 од првиот натпревар и по мирното прво полувреме, во второто се најдоа под огромен притисок од фудбалерите на Атлетико Мадрид кои одиграа ултра офанзивно, но не успеаја да постигнат гол. Невообичаената игра за двете екипи, Сити да се брани во својата половина, а Атлетико Мадрид да напаѓа со сите сили, траеше повеќе од 100 минути поради инцидентите во вториот дел.


Диего Симеоне иако мораше да оди на победа, во натпреварот влезе со дефанзивен пристап поради што „граѓаните“ во првиот дел ја контролираа играта на „Ванда Метрополитано“. Единствената шанса за Сити беше во 30 минута кога Марез го проигра Вокер кој веднаш центрираше, а Гундоган ја погоди стативата.

Во вториот дел, играчите на Атлетико тргнаа на се или ништо, постојано напаѓаа, но не успеаја да најдат начин да го совладаат Едерсон и на крајот средбата заврши без голови. Во финишот, нервозата си го направи своето и Фелипе заработи црвен картон.

Тензии во финишот од натпреварот/ фото: EPA-EFE/BALLESTEROS

Манчестер сити во полуфиналето ќе игра против уште еден шпански тим, Реал Мадрид кој пак вчера го елиминира Челси.

За разлика од Сити и Атлетико, фудбалерите на Ливерпул и на Бенфика одиграа ефикасен натпревар давајќи шест гола, по три во мрежите на двата тима. На крајот, Ливерпул обезбеди пласман во полуфиналето поради победата од 1:3 во првиот натпревар и против Виљареал ќе игра за пласман во финале.


Ливерпул поведе со голот на Конате во 21 минута, но Бенфика 11 минути подоцна преку Рамос го израмни резултатот.

Во вториот дел, на сцена стапи Роберто Фирмињо кој постигна два гола, во 55 и во 65 минута и на својот тим му донесе предност на Ливерпул.
Но, фудбалерите на Бенфика не се предаваа и со головите на Јаремчук во 73 и на Дарвин Нуњерз во 82 минута, се изборија за реми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот