ВИДЕО | Симовски: Следниот попис ќе биде онлајн

Апостол Симовски, ДЗС / Утрински брифинг

Македонија е една од ретките земји која одржува попис дури по 20 години. Неизвесноста од резултатите од пописот се базира и заради партиските препукувања и заради населението кое живее во земјата.

Многу граѓани од државата и Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци… се иселени.

Ќе одговори ли пописот на овие отворени прашања кои што во последниве децении се провлекуваат низ јавноста. На тема попис во Утрински брифинг разговаравме со првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

-На 30 септември заврши теренскиот дел на пописот и сега останува фазата на тој собран пописен материјал кој што треба да сес обработи и некаде кон крајот на март да излеземе со конечни податоци од пописот.

-Оваа обработка е статистичка операција и има различни фази. Клучното е дека исклучиво се работи со луѓе кои што имаат дозволен пристап до базите на податоци, дури и јас лично немам никаков пристап до тие податоци. Се работи врз основа на претходно утврдени правила, стандарди.

-Првата фаза која што сега ја работиме е да се направат нови апдејти на базите кои што ги користевме за време на пописот и базите кои што ќе ни бидат битни за проверка на она што сме го собрале од терен. Таа фаза е при крај, вели Симовски за Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот