ВИДЕО: Силно невреме во Истанбул, еден мртов

Невреме Истанбул
Невреме Истанбул/ Фото AP PHOTO / TANJUG/AP

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во силното невреме што го погоди Истанбул и други делови на Турција, јавуваат турските медиуми.

Извештаите велат дека невремето предизвикало хаос во Истанбул, град со околу 15 милиони жители.

Агенцијата „Анадолу“ јави дека една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, а нејзиното дете е повредено, кога ветерот откорнал дел од покривот кој паднал врз нив. Детето ја преживеало несреќата.

Приватната телевизија НТВ јави дека саат-кулата била срушена од налетот на ветерот, откорнати се дрвја, а најмалку три камиони се превртеле. Најмалку осум лица се повредени.

Босфорот е затворен за поморски сообраќај и фериботски услуги, а најмалку шест летови на компанијата „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул се пренасочени кон Анкара и Измир, потврди портпаролот на таа авиокомпанија.

Приватната агенција ДХА објави дека властите биле принудени да ги откажат фериботите меѓу одморалиштата Бодрум и Дача поради силните ветрови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот