ВИДЕО | Шпанците не забораваат: Тоа што и се случи на Барселона во Париз, сега го доживеаа и фудбалерите на ПСЖ

Фото: Screenshot

Вечерва во Лигата на шампионите се игра реваншот помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар во преден план се истакнаа домашните навивачи кои на сличен начин им возвратија на Французите за она што се случуваше пред една недела.

Имено, фановите на ПСЖ ноќта пред натпреварот приредија пиротехничко шоу пред хотелот каде што престојуваа фудбалерите на Барселона, сега истото го направија и навивачите на каталонскиот гигант.

Сепак, огнометот на ПСЖ не помогна премногу бидејќи францускиот гигант го загуби натпреварот со 2:3 и сега ќе мора да „брка“ негатива на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот