ВИДЕО: Седумкатница се урна како кула од карти од лизгање на земјиште во Индија

Лизгање на земјиште во Индија / 30 септември 2021 / фото: ANI News / принтскрин

Силните дождови кои деновиве ја зафатија Индија предизвикаа лизгање на земјиштето во повеќе делови од земјата, а најголема штета имаше во северната држава Химахал Прадеш.

Индиските медиуми денеска пренесоа снимка на која се гледа уривањето на голема зграда изградена на стрмен рид во градот Шимла, која се претвори во пепел за само неколку секунди.

Според Судеш Кумар Мохта, претставник на државната агенција за справување со природни непогоди, никој не бил повреден, поради тоа што зградата била навреме евакуирана.

Властите наредија истрага околу изградбата на зградата, која при падот оштетила неколку околни објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот