ВИДЕО: Се најде привремено решение за платите на пожарникарите, но повторно дојде до конфликт

Протестите на пожарникарите резултираа со постигнување договор за исплата на надоместоците на плата при ризик на работа. Овој надоместок ќе почне да се исплатува од следниот месец, но не е крајно решение.

Како што истакна денеска градоначалникот Петре Шилегов ова решение е постигнато преку правилник при Министерството за одбрана, додека да се донесе новиот закон за пожарникарство следната година. Исплатата на надоместокот во износ од 20 проценти додека не се донесе Законот за пожарникарство, ќе важи само за скопските пожарникари.

Сепак, дел од пожарникарите и по потпишување на спогодбата покажаа незадоволство. Роберт Фифа, кој е член на едниот од двата синдикати побара од градоначалникот да се исклучи од преговорите синдикатот кој според него бил причина за неиплаќањето на надоместоците на плата при ризик на работа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот