ВИДЕО | Самојед си ужива со сопственикот на параглајдер

Фото: Twitter-принтскрин

Најдобриот пријател на човекот може совршено да ги усвои дури и најнеобичните навики на  сопственикот, а одличен сведок за тоа е снимката во која сибирски самојед на параглајдер ужива во екстремниот спорт.

„Твитер“ е преплавен со снимки од сопственикот и неговиот самојед како летаат заедно, а кучето не изгледа воопшто исплашено. Напротив, Самојдот ужива во активностите со својот сопственик и безгрижно го набљудува пејзажот под нив. Преубавото видео на „Твитер“ им се допадна на речиси 60 илјади луѓе, а го споделија речиси три илјади љубители на кучиња и екстремни спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот