ВИДЕО | Роналдо промаши два зицера, па постигна деби гол, но Ал Наср не победи

epa10431713 Al Nassr's Cristiano Ronaldo (L) in action against Al-Ittihad's Ahmed Sharahili during the Saudi Super Cup soccer match between Al-Ittihad and Al-Nassr in Riyadh, Saudi Arabia, 26 January 2023. EPA-EFE/STR

Кристијано Роналдо денес конечно го постигна првиот гол за Ал Наср во Саудиска Арабија и тоа од пенал за да донесе бод (2:2) на гости кај Ал Фатих.

Иако постигна гол Роналдо не се прослави, промаши неколку големи шанси, а во еден момент влезе и во конфликт со противничките фудбалери. Ал Наср двапати губеше во натпреварот и двапати се враќаше.

Роналдо голот од пенал го постигна во завршницата во 93. минута. Треба да се спомене и дека Талиска кој беше стрелец на првиот гол заработи црвен картон две минути по голот на Роналдо. За Ал Фатих стрелци беа Тељо и Бандебек.

Иако Ал Наср се спаси од голем кикс сепак, раководството на Ал Наср тешко дека ќе биде задоволно од новиот настап на Роналдо кој доби договор од 200 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот