ВИДЕО | Ременски: Имам капацитет, знаење и храброст да бидам лидер на СДСМ

Фросина Ременски / Фото: Скриншот, Јутјуб

Сметам дека најмалку беше очекувана мојата кандидатура. Не сум зборувала отворено за некакви лидерски позиции во СДСМ, но со оглед на предизвикот пред кој се наоѓа партијата сметам дека имам капацитет, знаење, храброст и волја како и тим кој ќе може да го озбезбеди она што е најдобро за граѓаните и државата. Воедно и да го врати СДСМ на победничките шини, изјави поранешната функционерка и кандидат за претседател на СДСМ, Фросина Ременски, во своето вечерашно гостување на телевизија 21.

– Тоа значи дека ќе го подготвам СДСМ за победа, а не да искреира состојба на летаргија и на некаков транзит на власта, во смисла на предавање на власта на тацна, вели Ременски.

Како што вели таа, „изгубените гласови на локалните избори не се од членството на СДСМ, туку од оние кои ни ја дадоа довербата 2016 година кои не припаѓаа на партијата, но веруваа во промени кои сите ги очекуваа и очекуваат да се случат и ден-денес“.

– Имаме време до следните парламентарни избори кои не верувам дека ќе бидат превремени, да ги поправиме дел од очекувањата и да ги корегираме грешките доколку се направени, вели Ременски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот