ВИДЕО | Растот на цените ги исцрпува граѓаните

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во услови кога Владата не ги продолжи антикризните мерки, поради што цените на основните прехранбени продукти драстично пораснаа, економските експерти апелираат на внимателност и штедење.

Гувернерката на Народна Банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју на РСЕ минатата седмица истакна дека македонските граѓани ги очекува тешка економска година по растот на инфлацијата. Таа препорачува на властите фокусот да им биде во подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Министерот за економија Крешник Бектеши деновиве изјави дека не се планира продолжување на антикризните мерки, бидејќи како што рече, не може да се влијае на цените на суровините кои се користат за производство на продукти.

Владата досега донесе повеќе одлуки за да го заштити стандардот на граѓаните. Некои производи се продаваа по набавна цена и со 0 проценти ДДВ, а за некои производи беше скратена профитната маржа. Овие мерки важеа до 31 мај.

Од 1 јуни Влада не ги продолжи антикризните мерки што предизвика нови поскапувања. Порастот на цените на основните прехранбени производи дополнително ќе влијае на нарушувањето на животниот стандард на граѓаните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување од ДДВ за прехранбени производи до крајот на годинава, како и преполовување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти.

„Народот гладува, а власта нема идеа и план што да направи. Платите се целосно обезвреднети. Тоа што можеше да се купи во месецот со една плата, сега не може ни со две плати да се покрие“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме во обиколката на неколку синџир маркети што ја направи „Слободен печат“ денеска наутро можеше да се забележи дека повеќето од продуктите во сите маркети беа поскапени.

Најголем ценовен скок убедливо има кај сончогледовото масло за јадење и бензините. Па така, во првиот синџир маркети што го посетивме вчера цената на маслото за јадење беше 135 денари, а денеска неговата цена беше за околу 20 денари повисока и сега изнесува 163 денари.

Нашата редакција ги запраша и граѓаните како се справуваат тие со ценовните шокови кои инфлацијата ги им ги зададе. Граѓаните се со поделени мислења, дел од нив велат дека поскапувањата ги натерале да се откажат од некои работи, други пак велат дека поскапувањта сепак не влијаат на нивниот живот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот