ВИДЕО: Пукање во регрутен центар во Русија, неколку повредени

Фото Твитер

На социјалните мрежи се појавија снимки од пукање во воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, каде тешко повреден бил шефот на одделот, пренесуваат руските медиуми.

Младо момче решил да отвори оган врз луѓето во одделот, а како што пишуваат руските медиуми, тој требало да биде мобилизиран во руската војска.

Според локалните медиуми, Александар Елисеев се здобил со прострелна рана во главата.

Пред да пука, младиот човек (25), кој е идентификуван како Зина Руслан, наводно рекол: „Сега сите ќе си одиме дома“.

Лекарите се борат за животот на ранетиот Елисеев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот