ВИДЕО: Протести во Загреб и Дубровник против ковид потврдите

Протест во Дубровник
Протест во Дубровник против ковид потврдите/ Фото Facebook screenshot Dubrovnik Hr

Во Загреб и Дубровник вечерва се одржуваат протести против меркит за коронавирусот и воведувањето на ковид пропусници, а најавени се и во некои други хрватски градови.

Голем број граѓани се собраа во Дубровник и го изразија своето незадоволство од владините епидемиолошки мерки.

Тие се собраа во историскиот центар Дубровник, каде со лампиони пред градското собрание го формираа зборот „НЕ“, објави Индекс.хр.

Во Загреб, на плоштадот Свети Марко, во тек е нов протест против воведувањето на ковид потврдите, кои од 15 ноември ќе станат задолжителни во јавните и државните служби.

На плоштадот е присутна и полицијата. Меѓу демонстрантите има и деца.

Ова е трет ваков протест на загрепскиот плоштад Свети Марко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот