ВИДЕО| Пригожин тврди дека Вагнер целосно го освоил Бахмут- Украина демантира

принтскрин Твитер Бахмут Пригожин Вагнер

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите сили целосно ја презел контролата врз украинскиот град Бахмут.

„Денеска во 12 часот целосно го освоивме Бахмут“, рече Пригожин во видеото на кое е прикажан во борбена униформа  заедно со  голем број на борци кои држат руски знамиња и транспаренти на приваатната воена формација Вагнер.

Тој додаде дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут на 25 мај со цел да се одморат и да се прераспоредат .

„Целосно го окупиравме целиот град, од првата до последната куќа“, додаде Пригожин.

Додека Пригожин ја даваше оваа изјава , во позадина се слушаа експлозии.

Украинската војска го отфрли неговото тврдење. Портпаролот на украинската армија за британски „Скај њуз„ изјави дека тоа не е вистина и дека во Бахмут се уште траат тешки борби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот