ВИДЕО: Потоп во Босна, се излеаја неколку реки, поплавени се стотици куќи и објекти

Фото: Јутјуб/принтскрин

Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако се излеаја неколку реки во североисточна Босна, а на жителите нови проблеми им предизвикуваат врнежите што се очекуваат денеска.

Најлоша е состојбата во општина Челиќ, каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти.

Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро. Локалните медиуми јавуваат дека се урнале неколку земјоделски објекти, а поплавите однеле и неколку автомобили.

Властите прогласија состојба на природна катастрофа. Обилните врнежи од дожд и порои предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде што се поплавени голем број објекти.

Поплавени се и големи земјоделски површини во Зворник во источна БиХ, соопштија локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот