ВИДЕО | Португалија ја понижи Босна во Зеница, Ван Дајк донесе важен триумф за Холандија

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Репрезентацијата на Португалија во рамки од квалификациите за Европското првенство без проблеми вечерва славеше убедливо против Босна и Херцеговина во Зеница со 5:0.

Португалците убедливиот триумф го најавија уште во петтата минута кога Роналдо од пенал ја ја затресе мрежата. Се играше 22. минута кога 38-годишниот Португалец по вторпат се запиша во листата на стрелци.

Само пет минути подоцна Бруно Фернандеш зголеми и на 3:0. До крајот на првото полувреме погодија уште Кансело и Жоао Феликс за 5:0 по првиот дел. Во второто полувреме, Португалија подзастана и не напаѓаше премногу, па резултатот не се промени.

Португалија уште пред ова коло го обезбеди пласманот во следната фаза, додека Босна е претпоследна со девет освоени бодоци.

Луксембург кој ги игра своите најдобри евроквалификации вечерва не успеа да ја изненади Словачка на гости и остана со 11 бодови на третата позиција. Словачка победи со 1:0, доволно да има пет бода предност на втората позиција. Исланд е четврти, додека последен е аутсајдерот Лихтенштајн.

Важна победа со гол на Ван Дајк од пенал во самата завршница вечерва забележа Холандија против Грција на гостински терен. Холандија и Грција сега имаат по 12 бода на втората и третата позиција во групата со тоа што Холанѓаните имаат натпревар помалку.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва без поголемо резултатско значење Ирска со 4:0 го совлада Гибралтар. Франција која е лидер со шест победи во исто толку натпревари во ова коло беше слободна.

Натпреварот помеѓу Белгија и Шведска беше прекинат при резултат 1:1 по првото полувреме откако фудбалерите на гостинската репрезентација одбија да излезат на терен по терористичкиот напад на улиците во Брисел во кој беа убиени двајца Швеѓани.

РЕЗУЛТАТИ:

Босна и Херцеговина – Португалија 0:5

Гибралтар – Ирска 0:4

Грција – Холандија 0:1

Исланд – Лихтенштајн 4:0

Луксембург – Словачка 0:1

Белгија – Шведска (прекината)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот