ВИДЕО | Поискрена холивудска приказна: Том Хенкс го најави новиот Филмски Музеј во Лос Анџелес

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Актерите Том Хенкс и Ана Кендрик го најавија новиот музеј во Лос Анџелес посветен на филмот, нарекувајќи го слава на уметничката форма која оствари глобално влијание.

„Лос Анџелес конечно добива музеј на филмот и беше крајно време за тоа! За Лос Анџелес е важно да го има овој филмски музеј“, изјави Хенкс

Новиот музеј на Американската Академија за Филмски Уметности и Науки ќе изложува над 13 милиони парчиња, вклучувајќи костими, уметнички дела, бележени сценарија, фотографии и камери користени при снимањата на најголемите Холивудски хитови.


Наместо хронолошко прикажување на Холивудскиот сјај и гламур, музејот ќе прикажува нелинеарна поставка дизајнирана да претставува истражување на филмските остварувања низ целиот свет, од блокбастери до независни.

Распространет на 28 илјади квадратни метри, во музејот ќе биде сместена колекција од 5000 оригинални парчиња од филмови како „Волшебникот од Оз“, „Војна на Ѕвездите“, „Господар на Прстените“, „Дракула“.

Том Хенкс, кој е член на бордот на доверливи соработници на Академијата која ги доделува Оскарите, го најави новиот музеј и изјави дека е од особена важност шти Лос Анџелес, како дом на Холивуд, ќе добие изложување посветено на филмскиот бизнис.

„Треба да славиме сè што овој град му донел на светот, и сè што уметничката форма му донесе на светот, за да ги споиме луѓето. Филмовите продолжуваат да се магична уметност која зборува на секого секаде“ изјави 65-годишниот актер на настанот за официјалното отворање на музејот.

По неколку одложувања од страна на Академијата, музејот конечно ќе биде отворен за јавноста на 30 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот