ВИДЕО: Пикси заплака од среќа во родниот Ниш, градот ќе го преименува стадионот „Чаир“ по него

epa09094788 Serbia coach Dragan Stojkovic reacts during the FIFA World Cup 2022 qualification match between Serbia and Ireland in Belgrade, Serbia, 24 March 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, за време на престојот во родниот Ниш доживеа пријатно изненадување кое го натера да заплаче од среќа.
Имено, првиот човек на нишката општина Палилула, Братислав Вучковиќ го изненади Пикси откривајќи пред новинарите дека е поднесена иницијатива фудбалскиот стадион „Чаир“ да се преименуива во Драган Стојковиќ Пикси“.
– Ние во Ниш немаме поголема спортска легенда од Пикси. Палилула сака на овој начин да ви се оддолжи – му рече Вучковиќ на Пикси кој не можеше да ги задржи солзите и заплака од среќа.

– Секогаш е емотивно кога доаѓам во својот град и тоа е посебно чувство кое не може да се опише со зборови. Така е и сега, емоциите ме совладаа поради едно парче земја кое на мене многу ми значи, а тоа е „Чаир“ и тој волшебен стадион. Тој стадион ме направи човек и тоа не можам да го заборавам – рече Стојковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот