ВИДЕО | Пендаровски за оставката на Заев: Не можете на половина мандат да кажете „Си заминувам“

Претседателот Стево Пендаровски во гостување на ТВ21 / 10 ноември 2021 / фото:ТВ21/принтскрин

Претседателот на државата Стево Пендаровски во гостување на ТВ21 зборуваше на актуелните теми и политичката криза во земјава, за која вели дека е иницирана од оставката на премиерот Заев.

Тој ги открива реакциите од меѓународната заедница по најавите дека Заев ќе се повлече од политиката.

„Сега ќе си дозволам мала дискреција, имав една мала, тоа се куси средби од нога, не можам да кажам дека тоа се разговори. Но германската канцеларка неколкупати ме праша за мотивите на оставката, дали вие мислите дека тоа беше вистински потег. Мојот одговор, тоа му го пренесов и на Заев по враќањето, реков се разбира дека не. Се разбира дека не. Заради губење на една, две, три пет или десет општини, заради губење на локални избори, независно што сте ветувале претходно ова е едно друго ниво во политиката. Вие водите држава, имате мандат од четири години, сосема легитимно добиен и не можете ни на половина од тој мандат да кажете, заради Скопје, заради Прилеп, Куманово итн. јас си заминувам“, рече Пендаровски.

„Генералниот секретар на НАТО, надвор од неговиот карактер да го наречам, двапати ми го постави истото прашање саат, саат и половина бидејќи бевме во една од тие претпростории во кои се подготвувавме за сесиите и постојано ме прашуваше, зошто? Му реков: Не е лошо да се слушнеш со Заев директно да ти објасни, така што изненадувањето беше големо од страна на меѓународната заедница, бидејќи знаете дека изминативе неколку години, Заев беше прилично позитивен пример“, посочи Пендаровски на ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот