ВИДЕО | Павле Кузмановски: Наградата „11 Oктомври“ за мене беше големо изненадување

Павле Кузмановски / Утрински брифинг

Еден од годинашните добитници на високата државна награда за животно дело е сликарот Павле Кузмановски, чија што кариера е долга повеќе од 50 години.

„Оваа награда ја дочекав и ја добив како големо изненадување и би рекол со неверување затоа што не конкурирав за неа, ниту пак некој ми кажа дека поднесол кандидатура за мене, не знаев ништо се’ до оној момент кога одборот за доделување не ги објави имињата на добитниците, меѓу кои бев и јас. Отпосле дознав дека без да знам, ме кандидирал и ги собрал сите потребни документи и докази за моето творештво, Даријан Сотировски, директорот на Комисија за односи со верските заедници, инаку и тој е Тетовчанец. Тој повеќе години наназад го следи моето творештво и имал желба да се обиде да направи нешто за вреднување на тоа творештво“, вели за Утрински брифинг, сликарот Павле Кузмановски.

Инаку, летово, муралот на Павле Кузмановски беше уништен при реконструкцијата на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, насликан во 1966 година. Но, авторот повторно го оживеа, овојпат како слика.

„Ни на крај памет не ми беше да тужам или нешто слично, но се случи една среќна околност: јас го немав оригиналниот цртеж по кој сум работел, но имаше една одлична фотографија од муралот, која ми ја дадоа новинари и според таа фотографија направив слика, брзо се огласија од ОУ„Братство“ во Тетово дали би сакал таму да изработам мурал, но тоа беше невозможно затоа што ѕидовите беа од гипс и на крај ја изложивме сликата што ја изработив според муралот“, додаде Кузмановски.

На 28 октомври (четврток) ќе бида промовирана книга со 180 портрети на Павле Кузмановски во издание на „Матица ексклузив“.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот