ВИДЕО | Панов, кандидат за претседател на Бугарија: Разумот треба да проговори, емоцијата треба да се канализира

Лозан Панов, кандидат за претседател на Бугарија / Утрински брифинг

Темата за Македонија не се избегнува од политичарите, некои политичари ја користат за да добијат повеќе гласови. Прашањата од историјата се многу емотивни и им се пристапува со голема емоција но треба да разговараме без агресија, да дозволиме разумот да говори, а кога разумот говори тој зборува тивко. Ако сакаме да градиме мостови тоа е единствениот европски начин на функционирање, вели за УБ, Лозан Панов, еден од претседателските кандидати во Бугарија.

-Јас сум судија повеќе од 20 години. Треба да решавам многу спорови. За жал Бугарија е заробена држава. Не успеавме да докажеме на бугарското општеството и на ЕУ дека има правна држава, чесност. Тоа е основната причина да се кандидирам за претседател на Бугарија, изјави за Утрински брифинг Лозан Панов, кандидат за претседател на Бугарија.

-Главниот обвинител е една фигура која е по советски модел. Модел кој не дава обвинителите да работат самостојно, додава Панов коментирајќи го правосудниот систем во Бугарија.

Тој вели дека во Бугарија има политичка криза и дека Бугарите ја плаќаат високата цена со ковид ситуацијата која ја плаќа и Македонија. Процентот на вакцинирани е многу мал, па дури и помалку од Македонија, вели Панов.

-Немаме кампања за вакцинирање. Во Бугарија се носат маски во поголемите градови, додека во помалите места тоа не се прави, коментира тој.

Во врска со меѓусебните односи на двете држави кои се влошија откако Бугарија го блокираше евроинтегративниот процес на Македонија, Панов коментира:

-Јас сум единствениот кандидат кој ја посетува Македонија. Ако сакаме да градиме мостови тоа е единствениот европски начин на функционирање. Тука сум да дадам подадена рака кон вас и да не зборувам со говор на омраза. Тоа не води никаде, вели Панов.

-Емоцијата треба да се канализира, треба да разговараме без агресија. Треба да се научиме да ги слушаме спротивставените тези, со разум. Секоја шанса треба да се искористи. Јас сум за тоа да продолжат разговорите и има луѓе кои се спремни за дијалог, вели Панов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот