ВИДЕО ОЛ-СТАР: Тимот на Леброн славеше на крилјата на Јанис и на Лилард
Најголемите и најпопуларните НБА ѕвезди утринава во Атланта го одиграа ол-стар натпреварот на кој со 170:150 славеше тимот на Леброн Џејмс над тимот на Кевин Дурент.
Натпреварот беше решен во втората четвртина која тимот на Леброн ја доби со 19 поени разлика на полувреме заминаа со предност поголема од 20 поени. Наградата за најкорисен играч на натреварот му припадна на Јанис Адетокумпо кој во триумфот учествуваше со 35 поени и перфектен шут од игра, 16/16. Покрај тоа имаше и седум скокови и три асистенции.
Покрај Јанис, одлична партија прикажа и Демиен Лилард кој даде 32 поени, Стеф Кари уфрли 28 поени, а Џејлен Браун 22 поени.
Во поразениот тим на Кевин Дурент, најдобар беше Бредли Бил со 36 поени, Кајри Ирвинг даде 24, а Џејмс Харден и Џејсон Тејтум по 21 поен.
Пред ол-стар натпреварот се одржа натпреварување во кошаркарски вештини на кое победи Домантас Сабонис. Центарот на Индијана во финалето беше подобар од Никола Вучевиќ.
Потоа следеше и натпреварот во шутирање тројки, каде очекувано триумфира Стеф Кари. Бекот на Голден Стејт во финалето дојде до 28 поени, само еден повеќе од Мајк Конли од Јута.
На полувремето се одржа и натпреварувањето во забивање на кое победи кошаркарот на Портланд, Енферни Сајмонс.