ВИДЕО | Одбраната на Митревски во топ 5 на колото во Лигата на шампионите

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски со својот Порто стигна до победа против Целје и така освои важни бодови во битката за место во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Токму македонскиот капитен беше еден од најзаслужните за победата на португалскиот тим. Митревски натпреварот го заврши со дури 14 одбрани, а една од нив беше фантастична и заслужено се најде во топ 5 на колото по завршувањето на 13. коло. ЕХФ одбраната на Митревски ја рангираше на втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот