ВИДЕО | Oд борба за опстанок до европски трофеј: Вест Хем е освојувач на Конференциската лига

Фудбалерите на Вест Хем ја освоија Конференциската лига откако на „Еден“ стадионот во Прага ја совладаа Фиорентина со 1:2.
Не одигра Вест Хем подобар натпревар од својот ривал, но ги искористи шансите кои ги имаше и успеа да освои европски трофеј, иако во Премиер лигата се бореше за опстанок.
Во првото полувреме не видовме посериозни прилики пред двата гола, а ќе остане запаметено по фрлањето предмети на теренот, ситуација во која капитенот на Фиорентина, Кристијан Бираги заврши со раскрварена глава.
West Ham United fans have thrown things at Biraghi towards the corner flag 😳 pic.twitter.com/SkktpKbhnJ
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) June 7, 2023
Не се промени многу играта и во второто полувреме, а при истекот на еден час игра главниот арбитар Карлос дел серо Гранде покажа на белата точка откако Бираги играше со рака во шеснаесетникот. Прецизен од белата точка беше Џаред Боувен.
Успеа да одговори Фиорентина со голот на изедначување на Џакомо Боновентура. Изгледаа одлучно „виолетовите“ во тие моменти и малку фалеше да дојде до пресврт. Кога не ги искористија своите прилики, Вест Хем казни во 89-тата кога по една контра Боувен го постигна својот втор гол за победа од 2:1.