ВИДЕО | Николас Кејџ не добил ниту цент за филмот кој му донесе Оскар

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерот Николас Кејџ (58) не бил платен за улогата во филмот „Напуштање на Лас Вегас“, која му донесе Оскар. Ова го открил режисерот Мајк Фигис (74), кој, исто така, не заработил ништо од ова филмско остварување.

– Којзнае. Никогаш не ги видов парите. Мислам, јас и Николас никогаш не бевме платени, затоа што беше кажано дека филмот немал никаков профит – рекол Мајк во разговор за подкастот „Тоа се случи во Холивуд“.

Тој додал дека буџетот на филмот бил меѓу три и четири милиони долари.

Меѓутоа, тој вели дека продукцијата на филмот била неверојатна и дека тоа би го направил одново.

– Кариерата ми тргна тогаш, а за следниот филм што го снимав бев многу добро платен. И за една година Кејџ заработи 20 милиони долари по филм, така што тоа беше прилично добро – рекол Фигис, кој за Кејџ вели дека тој бил „срцето и душата на филмот“ и целосно посветен на својот лик.

Кејџ доби Оскар и Златен глобус за најдобра главна улога за улогата на Бен Сандерсон, а Мајк Фигис беше номиниран за најдобар режисер.

Николас Кејџ се ожени во Лас Вегас: Неговата нова сопруга е Рико Шибата

Николас Кејџ исфрлен од ресторан: Актерот бил пијан и бос, мислеле дека е бездомник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот