Николас Кејџ исфрлен од ресторан: Актерот бил пијан и бос, мислеле дека е бездомник

николас кејџ
Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Холивудскиот актер Николас Кејџ бил исфрлен од елитен ресторан, а очевидци велат дека сето тоа се случило бидејќи изгледал како бездомник, пренесува „The Sun“.

Имено, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како обезбедувањето на ресторанот го исфрла 57-годишниот Кејџ.

Очевидци за споменатиот магазин изјавиле дека актерот пиел виски и текила, а потоа станал агресивен. На видеото се гледа како седи облечен во леопард панталони и е бос, а потоа почнува да вика.

„БЕВМЕ ВО ТОЈ БАР КОГА ЗАБЕЛЕЖАВМЕ ЕДЕН ЧОВЕК ЗА КОЈ ПРВИЧНО МИСЛЕВМЕ ДЕКА Е ПИЈАН БЕЗДОМНИК. СЕ ОДНЕСУВАШЕ ЛУДО. БЕВМЕ ШОКИРАНИ КОГА ПОДОЦНА СЕ ПОКАЖА ДЕКА Е НИКОЛАС КЕЈЏ. ТОЈ БЕШЕ ЦЕЛОСНО УНИШТЕН И СЕ РАСПРАВАШЕ СО ПЕРСОНАЛОТ. АКТЕРОТ БЕШЕ ВО МНОГУ ЛОША СОСТОЈБА И ОДЕШЕ БОС. ПЕРСОНАЛОТ НИ КАЖА ДЕКА ПИЕЛ ТЕКИЛА И ВИСКИ. ВИКАШЕ ПО ЛУЃЕТО И СЕ ОБИДУВАШЕ ДА СЕ ПРЕСМЕТА, А ПОТОА ПЕРСОНАЛОТ ГО ЗАМОЛИ ДА СИ ЗАМИНЕ“, ИЗЈАВИЛЕ ОЧЕВИДЦИТЕ.

„БЕШЕ ТОЛКУ ПИЈАН ШТО ЕДВАЈ ГИ ОБЛЕЧЕ АПОСТОЛКИТЕ ПРЕД ДА ГО ИСПРАТАТ. НА КРАЈ, ЕДЕН ОД ГОСТИТЕ НА РЕСТОРАНОТ ГО ОДНЕСЕ ДОМА“, ДОДАВААТ ТИЕ.

Ова не е првпат актерот да биде пијан во јавност. Во март 2019 година, тој беше снимен како вика додека аплицира за дозвола за брак во Лас Вегас. Потоа се ожени со својата четврта сопруга, Ерика Коике.

Николас Кејџ се ожени во Лас Вегас: Неговата нова сопруга е Рико Шибата

Четири дена по венчавката, тој побара поништување, тврдејќи дека бил пијан и не знаел што прави. Во февруари оваа година, тој се ожени по петти пат, исто така во Лас Вегас, со Рико Шибат.

Видео на денот