Николас Кејџ се ожени во Лас Вегас: Неговата нова сопруга е Рико Шибата

николас кејџ
Николас Кејџ, Рико Шибата/Фото: Профимедиа

Актерот Николас Кејџ се ожени по петти пат, пренесува „Page Six“. 57-годишниот актер и неговата 26-годишна партнерка Рико Шибата се венчале на 16 февруари во хотелот „Wynn“ во Лас Вегас.

Вистина е и многу сме среќни“, изјави Кејџ за медиумот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dhruvanews (@dhruvanews)

Новите сопружници имале мала церемонија, а датумот го одбрале во чест на роденденот на покојниот татко на актерот. Рико носела рачно изработено невестинско кимоно од Кјото, а Кејџ смокинг од Том Форд.

Двојката ги разменила традиционалните католички и шинтоистички завети, а на венчавката читале и поезија од Волт Витман и јапонски хаику.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavel Kamenskiy (@kamenspav)

Поранешната сопруга на актерот, Алис Ким со која Кејџ сѐ уште е во добри пријателски односи, била присутна на церемонијата заедно со нивниот 15-годишен син Кал.

Николас Кејџ и Рико се запознале во 2019 година во Јапонија, непосредно по неговиот развод со Ерика Коике со кој беше во брак само четири дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот