ВИДЕО | Навивачите на ПСЖ ги разбудија фудбалерите на Барселона во четири часот наутро

Фото: Screenshot

Фудбалерите на Барселона утрово беа разбудени во четири часот наутро од страна на навивачите на Пари Сен Жермен кој во престолнината на Франција приредија пиротхничко шоу.

Навивачите околу четири часот во центарот на Париз пред хотелот каде што престојуваат фудбалерите на шпанскиот гигант пуштаа огномет со цел да го нарушат мирот на фудбаелрите.

Вакви ситуации пред важните натпревари имало и порано, а сигурно дека ќе ги има и во иднина. Останува да видиме вечерва дали ваквиот потег ќе има некакво влијание кај фудбалерите кога ќе истрчаат на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот