ВИДЕО | Научниците збунети: Мистериозен астероид во близина на Земјата прави чудни промени

Илустрација на астероид / Фото: Профимедиа

Научниците набљудувајќи ја променливата светлина на астероидот „3200 Phaeton“ заклучиле дека тој почнал да се врти побрзо и побрзо околу својата оска, скратувајќи ја својата ротација за околу четири милисекунди секоја година.  Астероидот кој предизвикува спектакуларен годишен дожд од метеори од групата Геминиди, започнал да прави невообичаени промени.

Тоа можеби не звучи многу, но имајте на ум дека ротациите на астероидите обично воопшто не се менуваат.

Разбирањето на она што се случува со Фаетон може да обезбеди подобар увид во класата на астероиди кои се сметаат за „потенцијално опасни“ бидејќи понекогаш минуваат блиску до Земјата.

Фаетон во моментов не претставува закана за Земјата, но со пречник од 5,8 километри може, доколку по некоја случајност, удри во нашата планета, да предизвика значителна штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот