ВИДЕО: Натпревар на кариерата на Ирвинг, на Орландо му даде 60 поени

Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин нетс/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кајри Ирвинг во Орландо го одигра најдобриот натпревар откако е дел од НБА лигата, постигнувајќи 60 поени во победата на неговиот Бруклин нетс од 150:108 над „магичните“.

Невакцинираниот Ирвинг кој не смее да игра на домашните натпревари на Бруклин, во Орландо уште во првото полувреме постигна 41 поен. Во второто полувреме даде уште 19 поени, застанувајќи на бројката од 60 поени, и тоа највеќе што некој кошаркар на Брулин постигнал во досегашната клупска историја. Ирвинг погоди 20 шута, од кои осум беа тројки.

Најдобриот тим во НБА лигата, Феникс санс немаше големи проблеми на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс и на крајот славеше со 131:115. Девин Букер беше најдобар кај „сонцата“ со 27 постигнати поени, Мајлс Бриџис даде 20, а уште четворица кошаркари на Феникс имаа двоцифрен број на поени. Во редовите на Њу Орлеан, Херберт Џоунс даде 22 поени, додека Си Џеј Меколум постигна 21.


Мајами хит благодарение на 16 поени во последната четвртина на Џими Батлер, го совлада Детроит со 105:98.  Од нив, 13 поени ги даде за само три минути.


Мемфис гризлис со 135:102 ја совлада Индијана пејсерс и се искачи на второто место во Западната конференција. Мемфис има скор 48-22, додека третопласираниот Голден Стејт вориорс има една победа помалку.  Најдобар во редовите на Мемфис за кого не настапи Џа Морант, беше Џејлен Смит со 21 постигнат поен.


Резултати:
Индијана – Мемфис 102:135
Орландо – Бруклин 108:150
Мајами – Детроит 98:105
Њу Орлеанс – Феникс 115:131

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот