ВИДЕО | Муратовска: Високите цени на горивата им ја „јадат“ заработувачката на транспортерите

Биљана Муратовска, претседателка на Макам-транс/Фото: Слободен печат

Транспортерите во земјава бараат помош и поддршката од државата особено сега во услови на пандемија, енергетска криза и инфлација.

Соочени со високата цена на горивата која учествува со 40-60% во цената на превозот на стока, од Асоцијацијата Макам- транс апелираат Владата да ја намали и замрзне цената на нафтата како погонско гориво минимум два месеци.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Биљана Муратовска, од Макам- Транс.

-Со порастот на цените на горивата ние се соочуваме со на зголемување на трошоците, а во исто време намалување на делот кој би значел остварување на добивка, да се платат подобро возачите, што значи во овој период доколку немаме интервенција од страна на државата нема да можеме да имаме позитивни резултати односно да одговориме на барањата на нашите клиенти, вели Муратовска.

Таа смета дека има повеќе начини Владата да им олесни на возачите наместо да ја покачува секој понеделник цената на горивата, во услови на криза, па предлага намалување на акцизата на горивата, намалување на ДДВ од 18 на 15 проценти, користење на гориво од стоковите резерви.

Муратовска се осврна и со проблемите на транспортерите со мигрантите, посебно оние на хрватската граница поради кои македонските возачи плаќаат високи казни додека се расчистат случаите во кои се инволвирани локални криумчари, а стоката во камионите во тој период се распува и уништува.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот