ВИДЕО | Мудрик потпиша: Челзи го претстави засилувањето од 100 милиони евра

Фото: B/R Football/Twitter

Иако беше блиску до трансфер во Арсенал сепак, Михајло Мудрик на крајот се пресели во Челзи за сума од 100 милиони евра.

Мудрик денес се појави на „Стенфрод Бриџ“ во натпреварот на Челзи против Кристал Палас, а на социјалните мрежи „сините“ го потврдија трансферот. Фудбалерот веќе ја даде и првата изјава како член на лондонскиот клуб.

„Навистина сум среќен што доаѓам во Челзи. Ова е голем клуб и Премиер лигата е фантастична лига. Ми беше претставен атрактивен проект, едвај чекам да ги запознаам моите соиграчи и да почнам со работа со тренерот Грем Потер“, изјави Мудрик.

Од Шахтјор ги потврдија дека 70 милиони евра Челзи ќе плати веднаш, а дополнителните 30 ќе бидат исплатени преку бонуси.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот