ВИДЕО: Медицински персонал во ковид центар прави забава со оро и песни

Медицински персонал од ковид центар во Хрватска прават забава во холот на болницата Дубрава, каде медицинските сестри и придружниот персонал пеат, танцуваат и пијат алкохол, не почитувајќи ги епидемиолошките мерки.

-Хармоника украсена со банкноти, алкохол, гласно пеење. Медицински сестри и помошен персонал играат оро. Без дистанца и без маски”, наведува хрватскиот канал РТЛ, додавајќи дека оваа “скандалозна снимка”, која на медиумите им ја дале некои од вработените во болницата, била направена на почетокот месецов.

Една од вработените испратила и писмо до РТЛ во кое изјавува дека не доживеала ништо слично за повеќе од 20 години работно искуство.

 

-Во вакви ситуации, се срамам што сум медицинска сестра. Не сум го доживеала ова никогаш во 20 години искуство. Непочитување на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбураши, песна и оро. Очекувам санкции за актерите на овој настан за да не се повторат во иднина. Ние се бориме против вирусот а сами го шириме. Јас сум лута и разочарана “, напиша една сестра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот