ВИДЕО: Манчестер јунајтед се враќа во битката за ЛШ, по 11 години Саутемптон испадна од Премиер лигата

фото: EPA-EFE/Peter Powell

По двата порази од Брајтон и Вест хем, „црвените ѓаволи“ им се вратија на победите во Премиер лигата откако на домашен терен го совладаа Вулверхемптон со 2:0

Стрелци на головите за Манчестер јунајтед беа Марсијал во 32 и Гарначо во 94 минута на стадионот „Олд Трафорд“.

Составот на Ерик Тен Хаг е моментно на четвртото место со 66 бодови од 35 натпревари, а од исто толку мечеви на петтата позиција е Ливерпул со 62.

Потсетување дека третопласираниот Њукасл кој има 66 бодови, ремизираше во саботата на гостувањето кај Лидс (1:1).

Саутемптон после 11 години испадна од Премиер лигата по поразот пред своите навивачи против Фулам со резултат 0:2. Стрелци на головите за гостинската екипа беа Карлос Винисиус во 48 и Митровиќ во 72 минута на „Ст. Мери`с“ стадионот.

Премиер лига, 36 коло

Астон вила – Тотенхем 2:1
Челси – Нотингем 2:2
Кристал палас – Бурнмаут 2:0
Манчестер јунајтед – Вулверхемптон 2:0
Саутемптон – Фулам 0:2

Табела: Манчестер сити 82 бодови, Арсенал 81, Њукасл 66, Манчестер јунајтед 66, Ливерпул 62, Тотенхем 57, Астон Вила 57, Брајтон 55…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот