ВИДЕО: МАЛА – нов креативен простор за млади уметници

Четворица млади креативци, тројца архитекти и една модна дизајнерка денеска во Скопје промовираат нов креативен центар, МАЛА, наменет за сите кои сакаат таму да организираат изложба, презентација или пак некаква работилница. Велат, од сите држави во регионот, единствено на Скопје му недостасувал ваков простор.

– Овој простор го создадовме ние четворица, но истиот не е наменет исклучиво за нас. Имаме годишен динамичен план според кој ќе се раководиме и истиот дополнително ќе го презентираме, рече денеска во Утрински брифинг, Силвија Шалева.

Ерик Јурушевич кој живее во Словенија вели дека со отворањето на МАЛА сакале на Скопје да му подарат простор каков што му недостасувал, а каков што имаат сите европски градови, место за креативно дејствување на младите.

– Ние четворицата постојано патуваме низ Европа и таму гледаме многу слични вакви креативни простори. Сите се согласивме дека токму на Скопје му недостасува едно креативно катче, и веднаш започнавме со реализација на идејата, објаснува Ерик, кој инаку заедно со Силвија и Мирјана се дел од архитектонското студио Контра.

– Скопје е прекрасен град, нуди многу можности, многу не инспирира во секој поглед и затоа решивме да се прикажаме на оваа сцена, рече Мирјана Лозановска, која оваа година ја претставувала Унгарија на Венециското биенале, заедно со останатите од тимот на архитекти.

Спојот на мода и архитектура во Скопје за мене е од посебно значење. За последната колекција бев инспирирана од архитектурата односно од нивниот павиљон во Венеција. Колекцијата беше прикажана на Експо 30 во Скопје. Тоа беше и убав начин да го отвориме и нашиот мал простор, кој се надевам дека убаво ќе се вклопи во целокупното урбано живеење во градот, вели модната дизајнерка Евгенија Зафировска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот