ВИДЕО | Лондон: Можни се лични санкции против Путин

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Велика Британија не исклучува санкции насочени лично против рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс.

На прашањето за можни санкции против Путин, Трус за британски „Скај“ изјави: „Ништо не исклучуваме”.

– Ќе претставиме нов закон што ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го изнесеме во следните неколку дена. Не исклучуваме ништо, изјави Трас. Таа додаде дека Велика Британија доставува одбранбено оружје на Украина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот